Кетрин Зета-Џонс се прости од Кирк: Веќе ми недостигаш

Целиот Холивуд и филмската индустрија се простува од легендарниот Кирк Даглас, кој почина во 104 година. Тажната вест била соопштена од страна на неговото семејство.

Сопругата од синот Мајкл Даглас, актерката Кетрин Зета-Џонс, јавсно се прости од свекорот.

„Мој драг Кирк, ќе те сакам до крајот на животот. Веќе ми недостигаш. Убаво спиј“, напишала Кетрин споделувајќи фотографија од Кирк.

Кетрин имала убав однос со Кирк. Меѓусебно се почитувале, заедно доаѓале на јавни настани, неретко објавувале заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Слични содржини