Кевин Харт по вторпат стана татко

од Aleksandar Petrovski

Сопругата на Кевин Харт, Енико, роди второ дете.

Својата радост 36-годишниот комичар ја објави на социјалните мрежи, пречекувајќи го нивното убаво девојче.

Мајката Енико, со која Кевин веќе го има синот Кензо, во трогателна објава ја нарече својата новородена ќерка „мало парче рај испратено на земјата“, откривајќи дека ќе ја наречат малата Каори Маи.
Кевин и Енико се венчаа на зачудувачка церемонија во август 2016 година, во близина на Санта Барбара, Калифорнија.

Радоста од раѓањето на бебе доаѓа откако Енико преживеа тешки денови со Кевин. Гордата мајка открила за време на бременоста како нејзиниот сопруг ја изневерува. Поради фактот што била во многу напредна бременост, таа рече дека е „загрижена за бебето“ и мора да ја „крене главата“.

Кевин едвај се спаси од смртта откако доживеа сериозна сообраќајна несреќа во септември минатата година.

Слични содржини