Кевин Спејси проговори за бројните обвинувања за сексуални напади

од Nikola Popovski

Познатиот актер Кевин Спејси се најде во неволја кога се појавија бројни обвинувања против него, поврзани со сексуално вознемирување.

Британското обвинителство одобри дополнителни седум обвиненија против него на крајот на минатата година, а актерот се појави пред судот во Лондон во петокот преку видео-линк и се изјасни за невин по овие седум обвиненија за злоупотреба што наводно се случиле на почетокот на 2000-тите, пишува „Deadline“.

Судењето е закажано за 6 јуни, а како што понатаму се наведува, Спејси истиот ден ќе се појави на суд. Против него има вкупно 12 обвиненија, а актерот ќе присуствува на рочиштата во март и април.

Во ноември, британското обвинителство ги објави обвиненијата, во кои наводно е вклучен „еден возрасен маж“.

„ЦПС одобри дополнителни кривични пријави против Кевин Спејси (63) за повеќекратни сексуални напади врз маж меѓу 2001 и 2004 година“, се вели во соопштението.

Во тоа време, актерот веќе имаше четири обвиненија за сексуален напад и се изјасни за невин. Ново судење е закажано за јуни 2023 година.

„Многу ја ценам изјавата на обвинителството во која тие внимателно ги потсетија медиумите и јавноста дека имам право на правично судење и дека сум невин додека не се докаже вината. Иако сум разочаран од нивната одлука да продолжат понатаму, доброволно ќе се појавам во Велика Британија што е можно поскоро и ќе се бранам од овие обвиненија и за кои сум убеден дека ќе ја докажам мојата невиност“, рекол Кевин Спејси во емисијата „Добро утро Америка“.

Слични содржини