Кевин Спејси обвинет за сексуален напад врз тројца мажи

од Nikola Popovski

Актерот Кевин Спејси е обвинет по четири точки за сексуален напад врз тројца мажи, соопшти американското Обвинителство.

Розмари Ејнсли, шеф на одделот за специјален криминал при американското Обвинителство соопшти: „Обвинителството поднесе кривична пријава против Кевин Спејси (62), по четири точки од обвинението за сексуален напад врз тројца мажи.

„Тој е обвинет и за принудување на лице да се вклучи во сексуална активност без согласност. Обвиненијата следуваат по прегледот на доказите што ги собрала метрополитенската полиција во нејзината истрага.

„Обвинителство ги потсетува сите засегнати дека кривичната постапка против г-дин Спејси е активна и дека тој има право на правично судење“, соопштила Ејнсли, пренесува „Гардијан“.

Актерот Ентони Рап и уште едно неименувано лице поднесоа тужба против актерот Кевин Спејси во септември 2020 година, за сексуален напад што се случил во 1980-тите, кога и двајцата биле помлади од 18 години. Граѓанската тужба е поднесена во судот на државата Њујорк на Менхетен.

Слични содржини