Кичеец во моментов е во затвор, укинат му е третманот кој го имал пред сообраќајката, вели Маричиќ

од Берта Китинска

За случајот со Зоран Милески-Кичеец, прекинот на издржување на затворска казна е даден врз основа на медицинска документација од страна на Управата за извршување санкции, која е должна да се грижи и за здравјето и безбедноста на затворениците, рече министерот за правда Бојан  Маричиќ во интервју за телевизија Сител.

– Во случај кога има оправдана медицинска документација, Управата има право да даде отпуст. Во моментот кога се случува сообраќајката, што е еден трагичен настан, верувам дека никој не го посакува, веднаш Кичеец најпрво е лишен од слобода, од болница, каде што бил на лекување. Од таму е однесен во обвинителството во Гостивар, од таму е однесен на издржување мерка притвор во затворот во Шутка, а Апелацискиот суд во Гостивар му го укинува притворот и го праќа на издржување затворска казна во Струга. Затворот во Струга, по дисциплинска постапка, му го одзема третманот, кој го имал дотогаш во отворениот дел од затворот и тој веќе нема ниту едно од тие права и поволности кои ги уживал до инцидентот што се случи, до сообраќајката, изјави министерот.

Слични содржини