Кичево: Тројца заразени со Ковид-19, едно лице почина

од Nikola Popovski

Три нови лица се заразени денеска со Ковид-19 во Кичево а едно лице ја загуби битката со болеста според податоците од Министерството за здраство.Вкупниот број заразени во општината се искачи на 83, од кои 70 се активни. Единаесет се излекувани, а две лица се починати.

 -Новозаболените се во добра општа здраствена состојба. Тројцата се лекуваат во домашни услови, се разбира во изолација и под контрола на нивните матичните лекари. За жал денеска имаме и едно лице што ја загуби битката со вирусот во Кичево, рече докоторот Станко Трпески, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој уште еднаш апелира до граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

Слични содржини