Киев чека Пекинг да го потврди телефонскиот разговор меѓу Зеленски и Си Џинпинг

од Radmila Tasevska

Вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук, во интервју објавено денеска најави дека Киев чека Пекинг да го потврди телефонскиот разговор меѓу претседателите на Украина и Кина, Володимир Зеленски и Си Џинпинг.

На прашањето на италијанскиот весник „Кориере дела сера“ дали претседателите на Украина и Кина ќе разговараат по телефон, Верешчук одговори дека „не знае“ и дека Киев чека потврда од кинеската страна, пренесе Ројтерс.

Според вицепремиерот на Украина, тој разговор би бил „важен чекор“.

Слични содржини