Киев ги одби акредитивите на новиот руски амбасадор

од Vladimir Zorba

timthumb (5)

Украинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одбило да ги прими акредитивните писма на новопредложениот руски амбасадор во Киев, Михаил Бабич, со образложение дека прашањето за негово именување во овој момент „не е на дневниот ред“.

– Тоа прашање е симнато од дневниот ред, изјави претставничката на Министерството, Олена Зеркал, без да даде повеќе детали за причините за ваквата постапка на Киев.

Во реакција на ваквата одлука на украинските власти, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Москва „нема да се откаже од Бабич“ како потенцијален амбасадор во Киев.

– Но, ако Украина реши да го симне нивото на нашите дипломатски односи и ако смета дека тоа пониско ниво на дипломатски односи повеќе и одговара, тоа е нејзина одлука, рече Песков.

Според него, секоја земја има суверено право да предложи кандидат за амбасадор во некоја држава, а исто така таа има суверено право да не се согласи со тој предлог./извор а1он

Слични содржини