Киев и Москва договорија размена на 40 затвореници

од Stefanija Kuzmanovska

Руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова денеска изјави дека размена на 40 воени заробеници била договорена на средба со нејзиниот украински колега Дмитро Лубинец, пренесува „Ројтерс“.

Состанокот се одржал во хотел во турската престолнина Анкара, на маргините на конференцијата на омбудсманите на Турција, Украина и Русија, наведува британската агенција.

Москалкова денеска преку Телеграм објави дека со Лубинец разговарала за прашањата за обезбедување хуманитарна помош за граѓаните на двете земји, а украинскиот омбудсман пред средбата во Турција изјави дека главна тема на разговор треба да биде „враќањето на нашите херои“ што се однесува на размената на затвореници.

Слични содржини