Киев: Нема да го употребиме американското оружје за да ја нападнеме Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак на Твитер напиша дека Украина нема намера да го употреби американското оружје за напад на руска територија и додаде дека Русија по тоа прашање изнесува лажни обвинувања.

„Денес задача број еден на Русија е да ја поткопа довербата меѓу Украина и САД. Нашите партнери знаат каде се користи нивното оружје“, напиша Подољак на Твитер, пренесува „Гардијан“.

Украина води одбранбена војна и не планира да користи системи за лансирање ракети.

Слични содржини