Киев остана без вода

од Stefanija Kuzmanovska

Во цел Киев дошло до прекин на водоснабдувањето поради исклучување на пумпните станици кои се напојуваат на електрична енергија, соопшти денеска водоводното претпријатие „Киевводоканал“.

„Поради вонредната ситуација, пумпните станици на Киевскиот воден канал останаа без напојување, поради што нема да има вода на целата територија на Киев. Доводот на пумпните станици ќе биде обновен за еден час , но ќе биде потребно повеќе време за стартување на водоводот“, се наведува во соопштението.

Како што пренесе ТАСС, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андреј Јермак претходно изјави дека недостигот на електрична енергија во Украина може да трае со недели, а градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека постои можност во случај на подолги прекини на струја , граѓаните на Киев да останат без греење во текот на зимата.

Слични содржини