Киев: Состојбата во Бахмут критична, има потешкотии во доставувањето оружје

од Stefanija Kuzmanovska

Испораката на оружје за единиците на украинската армија во Бахмут е критична и во сегашната ситуација е тешко да се одбрани градот, изјави портпаролката на украинската механизирана бригада Ирина Рибакова.

За телевизијата „Рада“, Рибакова истакна дека веќе две недели тешко се доставува оружје и други залихи на Бахмут и дека поради тоа ситуацијата е критична, пренесе ТАСС.

Киев не планира да ги повлече војниците од Бахмут во Доњецк, иако се соочува со проблеми со резервите на муниција, изјави денеска вршителот на должноста шеф на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) Денис Пушилин.

Пушилин за телевизијата „Русија-24“ изјави дека ситуацијата во Бахмут се уште е тешка и комплицирана и дека нема знаци дека непријателот планира да ги повлече војниците.

Пушилин посочи дека е исклучително тешко да се снабдува со муниција и храна и да се донесе засилување на украинските војници по единствениот пат, кој сега е под уште посилна контрола на руската паравоена формација „Вагнер“.

Слични содржини