КИЛОМЕТАРСКИ КОЛОНИ за влез во Србија: Граѓани брзаат за бесплатна вакцинација во Белград и Нови Сад

од Nikola Popovski
376 прегледи

Колони возила чекаат на граничните премини за влез во Србија поради почетокот на бесплатната вакцинација на странски државјани во Белград за време на викендот, а најголема гужва има на премините со БиХ.

Камерите на Српското министерствот за внатрешни работи покажуваат колони возила на влезот во Србија на премините Мали Зворник, Сремска Рача и Трбушница.

Колони со возила се и на преминот Хоргош, на влезот во Србија од Унгарија, но исто така и на Батровци и преминот Шид кон Хрватска. Вакцинацијата на странски државјани ќе започне викендов, што ќе се одржи во Белград и Нови Сад.

Стопанската комора на Србија, во соработка со Владата на Србија, обезбеди 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од регионот како дел од имунизацијата.

Така, викендов ќе биде организирана вакцинација во Белград за бизнисмени и нивни вработени од Босна и Херцеговина, Црна Гора, С. Македонија, Албанија, како и за косовски бизнисмени.

На порталот Е-влада, се наведува дека покрај граѓаните на Република Србија, странски државјани со и без престој во Србија исто така можат да изразат интерес за вакцинација против Ковид-19.

Слични содржини