Ким Џонг Ун погуби министер: Причината за тоа е крајно бизарна

Ким Џонг Ун егзекутирал службеник на севернокорејската влада откако неговиот сектор имал неколку видео повици, со постојани поплаки за обемот на работата, пренесуваат британските медиуми.

Неименуван висок министер од областа на образованието беше осуден на смрт, по истрагата што требаше да утврди зошто неговиот оддел нема задоволителен напредок и воспостави систем за учење на далечина, пренесува Мирор.

Како што е посочено, Министерството за образование не покажа никаков напредок, а поединци ги критикуваа одлуките на владата. Покрај тоа, членовите на министерството „се жалеле на секој состанок“ за обемот на работата, а други укажувале на недостаток на ресурси. Најголемиот проблем е што Министерството не воведе учење од далечина како што се очекуваше.

По егзекуцијата на министерот, беше формирана нова комисија под раководство на Ри Гук-чол, ректорот на универзитетот Кин Ил-сунг.

Донесени се нови мерки, што значи дека редовно се одржуваат видео конференции.

Ова не е прв пат од Северна Кореја да пристигнуваат вести за егзекуции на службени лица. Во 2019 година имаше дури обвинувања дека Ким фрлил генерал со пирани, а 5 лица биле застрелани бидејќи самитот со тогашниот американски претседател Доналд Трамп не поминал добро.

Слични содржини