Ким и Канје побегнаa на одмор, се обидуваат да го спасат бракот

од Stefanija Kuzmanovska

Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг, контроверзниот рапер Канје Вест, ги оставија децата дома и отидоа на таен одмор за да се обидат да ги надминат несогласувањата и да го спасат бракот, пренесуваат американските медиуми.

По скандалозните обвинувања на Канје на Твитер, во кои тој наведе дека неговата сопруга е „бел расист“, која се обидува да го хоспитализира заедно со нејзината мајка Крис Џенер, но и по објаснувањето на Ким Кардашијан во кое побара приватност наведуваjќи дека Канје е биполарна личност која веќе некое време не ги зема своите лекови – работите во семејствотото изгледаат многу сериозни.

Доказ за тоа е споменатиот одмор, кој, иако нема да трае долго, во целост им припаѓа на двајца сопружници кои не ги повеле со себе ниту камерманите на реалното шоу – што досега скоро никогаш не било случај.

„На Ким ѝ е многу важно да го спаси бракот со Канје. Ова за неа не е повеќе шоу-бизнис. Таа е многу вознемирена и сака да ги поправи работите“, изјави извор за американските медиуми.

 

Слични содржини