Ким и Кортни во латекс на миса во Париз

Ким и Кортни Кардашија не ја пропуштија Модната недела во Париз. Но покрај тоа што многу модни куќи за нив ослободија место во првите редови, местото на кое најмногу привлекоја внимание беше неделната миса на Канје Вест. Ким и Кортни на обредот се појавиле во припиени аитфити од латекс кои беа претставени неколку дена претходно на ревијата на модната куќа Балман.

Кортни облекла маичка и пантолони од овој неблагодарен материјал, а Ким својот изглед го надополнила и со сако.

https://www.instagram.com/p/B9OhiOfnPCt/

Иако многу модни критичари на интернет го пофалија нивниот смел изглед, повеќето од фановите коментираа колку е неподнослив материјалот.

„Можам буквално да ги слушнам нивните аутфити“, напишал еден корисник на Инстаграм,, алудирајќи на материјалот.

На многумина им пречеше тоа што девојките вака се облекле за неделна миса.

Слични содржини