Ким Јонг-ун драстично изгуби тежина (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во последно време ретко се појавува во јавноста, што ги зголемува гласините дека нешто не е во ред со неговото здравје.

Тој неодамна се појави во јавноста по долга пауза кога ја водеше седницата на владејачката Работничка партија, а последните фотографии сугерираат дека изгубил тежина, пренесува британски „Гардијан“.

Како што се наведува, на некои слики тој изгледал прилично послабо во споредба со некои претходни фотографии и снимки.

Порталот „НК Њуз“, од Сеул, ги зголеми сликите со цел да ги потврди овие сомневања, а исто така истакнаа дека Ким, за кого се верува дека има околу 37 години, поседува скап часовник вреден 12.000 долари, на кој наводно го затегнал ременот!

Јужнокорејските медиуми тврдат дека Ким изгубил неколку килограми, што може да се види од фактот дека и раката му е потенка.

Јужнокорејските разузнавачки служби дури тврдат дека минатата година Ким имал околу 140 килограми, а откако дојде на власт во 2011 година, наводно се здебелил околу 7 килограми.

Сепак, тие не успеаја да разјаснат дали е ослабен затоа што страда од одредена болест или пак започнал да се грижи за линијата.

Слични содржини