Ким Јонг Ун свика итен состанок: Северна Кореја пред колапс?

од Stefanija Kuzmanovska

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја истакна потребата од одговорно водење економска политика, додека претседаваше со состанокот на Политбирото на владејачката Лабуристичка партија, објави денеска државната новинска агенција КЦНА.

Средбата се одржа во тешко време за Северна Кореја, бидејќи пандемијата на коронавирусот изврши голем притисок врз економијата, која веќе беше погодена од меѓународните санкции, чија цел е да ја запре нејзината нуклеарна програма, пренесува Ројтерс.

Политбирото остро ги критикуваше органите за економска администрација затоа што тие не дадоа научни упатства за економски задачи пред конгресот следната година, објави КЦНА.

– На состанокот беше потенцирана потребата од поставување на операцијата и командата за спроведување на економската политика на Партијата и да се покаже голема посветеност и одговорност – јави КЦНА.

Во август Ким рече дека владејачката партија ќе одржи конгрес во јануари следната година на кој ќе се донесе одлука за нов петгодишен план, а на состанокот на партијата се забележани сериозни доцнења во подобрувањето на националната економија.

Северна Кореја започна 80-дневна кампања во октомври за да ги постигне своите цели во секој сектор пред конгресот следната година.

Слични содржини