Ким Јонг Ун замина на одмор? Сателитски снимки ја открија неговата јахта во тајно одморалиште

од Stefanija Kuzmanovska

Една од таинствените суперјахти на Ким Јонг Ун е забележана паркирана во близина на тајно одморалиште на брегот на Северна Кореја на сателитски снимки од Планет Лабс, американска јавна сателитска фирма за снимање на Земјата со седиште во Сан Франциско, пишува „Метро“.

Огромното пловило од 55 метри беше забележано на полуостровот Ходо, северно од Вонсан, помеѓу 3 и 5 август.

Се верува дека ова е прв пат суперјахтата, која има карактеристичен црвен покрив, да пристигне во одморалиштето, до кое може да се стигне само по море или по мали патишта далеку од поголемите градови.

Пловилото, наречено и „пловечки забавен парк“, содржи два тобогана, базен со олимписка големина и салон на неколку ката.

Инаку, странските медиуми пишуваат дека Ким е се поповлечен додека неговата земја се бори со пандемијата на Ковид-19. Затишјето од Пјонгјанг траеше до пред два дена кога Ким прогласи голема победа над пандемијата, а неговата сестра тврдеше дека Ким бил тешко болен и имал треска, но се оздравел.

Слични содржини