Ким Кардашијан блесна на црвениот тепих заедно со своето момче (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Ким Кардашијан веќе извесно време е во врска со актерот Пит Дејвидсон, а сега за прв пат се појавија заедно на јавен настан.

Тие прошетаа на црвениот тепих во необично издание и ги освоија симпатиите на многумина. Ким блескаше во долг, сребрен фустан, додека нејзиното момче се одлучи за класика – црн костум и бела кошула.

Тие беа на вечера организирана во рамките на слободата на говорот, каде комичарите се шегуваат на сметка на претседателот и владата, се со цел да соберат пари за едукација на новинарите.

Слични содржини