Ким Кардашијан и Хилари Клинтон на „тајна“ средба

од Vladimir Zorba

Поранешната прва дама на САД и поранешен претседателски кандидат, Хилари Клинтон е видена во друштво на нејзината ќерка Челsи и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, а тие три наводно се собрале како дел од новата документарна серија за жените лидери.

Снимачка екипа беше со нив, веројатно во врска со претстојната документарна серија на Хилари „Gutsy Women“ на Apple TV, пренесe TMZ.

Таа беше инспирирана од нивниот бестселер од 2019 година „The Book of Gutsy Woman: Favorite Stories of Courage and Resilience“, кој вклучува портрети на женски модели.

Кафулето Hot & Cool во кое се сретнаа трите беше отворено во 2018 година, а нуди и веганско мени. Кафулето е познато и по тоа што вработува поранешни затвореници и млади луѓе кои не оделе на училиште, а за тоа во последно време многу се залага и Ким Кардашијан.

Фото: Гети

Слични содржини