Ким Кардашијан и Канје Вест преговараат за снимање на биографски филм

од Vladimir Zorba

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан Вест и нејзиниот сопруг, раперот Канје Вест, преговараат за биографски филм, објави Контакт мјузик.

Според извори од опкружувањето, двојката, која склучи брак во 2012 година и има три деца – Норт, Сент и родената пред три месеци од сурогат мајка Чикаго, преговара за пренесувањето на нивната приказна на голем екран со водечки филмски студија. Ким Кардашијан и Канје Вест се подготвени за добра понуда да ги направат почитувачите на филмот сведоци на врвовите и на падовите во нивната врска.

„Ким и Канје не можат да се жалат на недостатокот на предлози за снимање на филм за нивниот живот, но повеќето од договорите се или за ниско-буџетски продукции или во форма на навестувања од поголеми студија кои никогаш не се материјализираат. Двојката сепаксега е „испочитувана“ од водечки компании како „Warner Brothers“ и „Sony“ и веќе може да се насети вистински хит, ако филмот е сниман на вистински начин“, вели неименуван извор од нивната околина, цитиран од магазинот „Хит“.

„Клучен момент е филмот да не биде долгометражен и да се рекреираат главно позитивните аспекти на нивната врска. Ким и Канје исто така се свесни дека ваквата продукција не може да биде целосно позитивна и да прикрива фактот дека во нивните односи има и проблеми“, додаде изворот.

Едно нешто што ги одделува од потенцијалните продукции е нивото на креативна контрола која двојката сака да ја има врз проектот.

„Канје Вест сака неговата музика да зазема централно место во филмот. Тој сака да им пее на Ким и децата, како и да ги гледа во публиката на концертите. Актерот, кој ќе се реинкарнира во неговиот лик, ќе треба да биде многу талентиран во тој однос. Ким, од друга страна, главно е заинтересирана за начинот на кој нејзиното семејство ќе биде претставено. Кание побара сериозен надзор над сценариото, поради што официјализирањето на проектот може да потрае. Но, нивната желба е нештата да се случат оваа година“, рече изворот.

Слични содржини