Ким Кардашијан откако изгуби 10 килограми: „Мојот живот се промени“

од Stefanija Kuzmanovska

Реалити ѕвездата, Ким Кардашијан откри како изгубила 10 килограми за три недели, се за да го облече култниот фустан на Мерлин Монро на Мет Гала.

„Гледав на тоа како улога и навистина сакав да го носам овој фустан“, рече Ким во емисијата „Тудеј шоу“.

„Оттогаш продолжив да се хранам навистина здраво“, додаде таа.

Вели дека повеќе не сака да ослабе.

„Веќе не се обидувам да ослабам, но имам повеќе енергија од кога било. Исфрлив толку многу шеќер, многу нездрава храна која ја јадев, па мојот живот се промени“, вели таа.

Инаку, Ким се најде на удар на критичарите бидејќи за краток период ослабе многу, но верува дека фановите нема да тргнат по нејзините стапки.

„Не реков: ‘Еј, зошто не почнеш да слабееш за кратко време?’. За мене тоа беше во ред, Кристијан Бејл може да го направи тоа за филмска улога и тоа е прифатливо. Дури и Рене Зелвегер се здебели за улога. Не ми е гајле“, изјави Ким.

Слични содржини