Ким Кардашијан подготвена за нова љубов: Бара постар маж

од Stefanija Kuzmanovska

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон раскинаа на почетокот на август, а како што пренесуваат странските медиуми таа веќе е подготвена за нова љубов.

Како што е наведено, таа сега размислува со кого би можела следно да заплови во романса. Популарната Ким има многу понуди бидејќи сите нејзини пријатели се обидуваат да ѝ најдат ново момче.

Очигледно Ким нема специфичен тип на маж, па не е сигурна со кого сака да биде. Но, сепак би можела да издвои некои пожелни карактеристики на иден партнер.

„Ким откри дека е подготвена за нова љубов, но овој пат сака некој постар, кој би го разбрал нејзиниот живот и работа. Не сака некој кој би ја кочел во нејзиниот начин на живот“, истакнал близок извор на реалити ѕвездата.

Слични содржини