Ким Кардашијан поднесе барање за развод од Кание Вест

од Vladimir Zorba

Шпекулациите дека Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг раперот Кание Вест се разведуваат сега се официјални, бидејќи старлетата поднела барање за развод, пишуваат американските медиуми.

Двајцата се во брак седум години и имаат четири деца. Како и да е, поради несогласувањата што беа чести во бракот последниве години, Ким реши да се разведе од раперот и секој посебно да продолжи со својот живот.

Според „ТМЗ“, таа побарала заедничко правно и физичко старателство над нивните деца.

Ким и Кание не живеат заедно неколку месеци, а како што изјави извор близок на раперот, тој е потполно сам затоа што страда за својата сопруга и се уште се надева на помирување.

Да потсетиме, расправиите во нивниот брак започнаа во пролетта, кога раперот реши да се кандидира за претседател на Соединетите држави. Потоа изнесе интимни детали од бракот со Ким, на што таа особено се налути.

Слични содржини