Ким Кардашијан: Шоуто немаше да успее без моето интимно видео

од Nikola Popovski

Старлетата Ким Кардашијан истакна дека успехот на реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“ немаше да биде толку голем ако во 2007 година, неколку месеци пред почетокот на шоуто, не беше објавено нејзиното интимно видео.

Имено, главни актери во видеото се Ким и тогашното момче Вили Реј Џеј Норвуд.

Славните сестри и нивната мајка беа гости на Енди Коен и се сетија на клучните моменти за време на долгогодишното снимање на шоуто. Покрај тоа што веруваше дека шоуто немаше да биде подеднакво успешно без снимката што „протече“ во јавноста, Ким изјави дека на децата ќе им раскаже за таа снимка доколку некогаш ја прашаат.

„Мислам дека шоуто немаше да успее доколку видеото не протечеше во јавноста. Тоа е нешто со што треба да научам да живеам. Сè се случува со причина и научив лекција од тој скандал“, изјавила Кардашијан и додала дека често сака да ги избрише глупавите работи што ги правела во животот.

Ким и Реј Џеј го направија видеото за да го прослават нејзиниот 22-ри роденден, при што беше објавено пет години подоцна.

Пред три години, во реалното шоу, таа призна дека била дрогирана кога го снимила интимниот филм.

„Првиот пат кога се омажив, бев на екстази. Земав еднаш и се омажив. Кога земав повторно, направив домашен филм. Секој го знае тоа. Мислам, можете да се види на видеото како ми се тресе вилицата“, рекла таа.

Слични содржини