Ким Кардашијан во најоскудното бикини досега (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан беше фотографирана на плажа заедно со нејзините сестри Клои, Кортни и Кајли. Она што особено го потенцира американските медиуми беше најоскудното бикини што некогаш го носела Ким.

Фотографите ги фатиле девојките како се забавуваат со своите деца и како Ким трча покрај плажата во оскуден костим за капење.

Тие го искористија ова патување за заеднички да го прослават третиот роденден на ќерката на Кајли, Сторми Вебстер.

„Тоа беше женско патување на една од нивните омилени дестинации за да го прослават роденденот на малата Сторми. Тие останаа во приватна вила три ноќи и одлично се забавуваа“, изјави извор близок на семејството за американските медиуми.

Слични содржини