Ким Кардашијан заработува повеќе од постови на социјалните мрежи отколку од реалното шоу

од Vladimir Zorba

Ким Кардашијан (41) е позната како една од најпознатите инфлуенсери во светот, а тој статус и донесе значителни приходи.

Ким има повеќе од 329 милиони следбеници на Инстаграм и е една од најследените луѓе на таа социјална мрежа. Покрај огромното присуство во онлајн заедницата, Ким редовно ги полни насловните страници на многу светски медиуми, а нејзината популарност постојано расте.

Досега оваа година Ким заработила меѓу 620 илјади и 1 милион американски долари по објава на Инстаграм, според „Influencer Marketing Hub“.

Во 2020 година, Кардашијан откри дека заработила повеќе пари од објавите на Инстаграм отколку од претходниот договор за популарното реално шоу за нејзиното семејство, „Keeping up with Kardashians“.

Ким моментално го има статусот на една од највлијателните и најпознатите личности во актуелната поп-култура. Нејзиниот татко Роб првпат го прослави името Кардашијан во 1995 година кога го бранеше О.Џ.Симпсон во контроверзното судење за убиство.

Иако Ким веќе добиваше одредено медиумско внимание како пријателка и личен стилист на Парис Хилтон (41), во 2007 година многу повеќе внимание предизвика протекувањето на секс снимката на неа и нејзиното поранешно момче, пејачот Реј Џеј, која беше направена во 2002 година. Осум месеци по „инцидентот“, семејството одлучи да го искористи вниманието на јавноста и беше објавена првата епизода од шоуто „Keeping Up With Kardashians“.

Во меѓувреме, Ким отиде чекор понатаму и лансираше свои брендови: „Skims“ за облека и „SKYNN by Kim“ за производи за убавина. Со оглед на нејзината светска популарност на социјалните мрежи, двата бренда брзо постигнаа голем успех и уште повеќе ја зголемија нејзината вртоглава заработка.

Да потсетиме, Ким раскина со комичарот Пит Дејвидсон (28) пред еден месец по девет месеци врска.

– Тие се уште имаат многу љубов и почит еден кон друг, но динамиката на врската на далечина и напорниот распоред беа премногу за да се одржи стабилна врска, изјави тогаш извор близок на парот за E!Online.

Слични содржини