Ким Катрал се предомисли за естетските зафати: „Можам да пробам се“

од Stefanija Kuzmanovska

Ким Катрал повеќе не вели не на идејата да оди под нож. Откако деновиве се појавија вести за нејзиното враќање во улогата на неповторливата Саманта Џонс, таа зборуваше за „Sunday Times“ за модата, нејзиното семејство и нејзиниот еволутивен пристап кон стареењето под будното око на јавноста.

„Сега сум во моите 60-ти и се борам со стареењето на секој можен начин. Сега има толку многу алтернативи, третмани кои го поттикнуваат вашето сопствено тело да се бори против стареењето. Има филери, ботокс, има толку многу различни работи што можеш да ги истражиш, пробаш и да откриеш дали се за тебе“, искрено призна таа и додаде дека горенаведеното функционира само „ако имаш пари и уште поважно, вистинскиот хирург’.

„Тоа не може да се нагласи доволно, но целта на подмладување треба да биде да изгледате како себе“, нагласи таа.

Денес, 66-годишната Катрал не го имала отсекогаш истиот став на темата да се подложи на естетски зафати со цел да го зачува младешкиот изглед.

Во 2011 година, на пример, таа за британскиот „Дејли Меил“ изјави дека целосно го прифаќа неизбежниот процес на стареење.

„Ги гледам луѓето како Џуди Денч, која има 70-ти години, и си мислам: „Од што, по ѓаволите, се плашам? Челото без брчки не кажува дека си живеел живот“, рече тогаш таа.

Денес, Катрал – додека се подготвува да глуми како шминкер во новата серија на Нетфликс „Гламурозна“, за која повторно ќе соработува со костимографката Патриша Филд – вели дека сака да изгледа „како најдобрата верзија на себе“.

„Значи, јас сум во состојба да направам сè што можам – затоа што за среќа имам средства да го направам тоа. Не се работи само за суета. Играм одреден тип на жена која изгледа на одреден начин. И професионално се грижам за себе“, заклучила таа.

Слични содржини