Кими Раиконен го предизвика Федерер на тенис

од Vladimir Zorba

Последниот светски шампион во Формула 1 со тимот на Ферари, Кими Раиконен (сезона 2007) упати интересен предизвик на живата легенда во тенисот Роџер Федерер.

Финскиот пилот на „Скудерија“ објави слика во „Инстаграм“ со текст: „Кога сакаш, Роџер Федерер …“

Маестро гледал во живо натпревари од кралските трки и е во одлични односи со ексцентричниот фински мајстор зад воланот.

Едвај сепак сега е најсоодветно време за такви дистракции, бидејќи во март месец започнува новата сезона во Формула 1, а исто така се одржуваат и првите тениски турнири од сериите „Мастерс“ во Индијан Велс и Мајами.

Anytime you want, @rogerfederer .

A post shared by Kimi Räikkönen (@kimimatiasraikkonen) on

Слични содржини