Кина: Американските тврдења дека Русија побарала од нас воена помош се дезинформации

од Milan1

Кинеското Министерство за надворешни работи во понеделникот ја отфрли како „дезинформација“ изјавата на американските функционери дека Москва му се обратила на Пекинг за помош во воена опрема за да ја продолжи инвазијата на Украина. Кина ги отфрли таквите тврдења на САД за време на редовниот брифинг за новинарите во понеделникот во Пекинг.

Русија побарала воена опрема од Кина по нејзината инвазија на Украина на 24 февруари, објави „Вашингтон пост“, цитирајќи американски официјални претставници.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, кој во понеделникот се состана со највисокиот кинески дипломат Јанг Јиечи во Рим, рече дека Пекинг „апсолутно“ ќе ги сноси последиците доколку и помогне на Москва да ги избегне западните санкции наметнати поради руската агресија врз Украина.

Русија, која своите операции во Украина ги нарекува „специјална операција“, и Кина ја зајакнаа соработката бидејќи се под силен притисок на Западот околу човековите права и низа други прашања. Пекинг не го осуди рускиот напад и не го нарекува инвазија, туку повика на решение преку преговори. „Вашингтон пост“ наведува дека неидентификувани американски функционери не го прецизирале типот на оружјето што се бара, или како одговорила Кина.

Слични содржини