Кина би можела да стане клучен извозник на дизел во Европа

од Nikola Popovski

Кина би можела да стане клучен извозник на дизел во Европа поради санкциите наметнати од западните земји на руското гориво, пишува Блумберг.

Според извештаите, Кина во последните месеци го зголемила извозот на дизел, од кој дел се испраќа во Европа, пренесува „SEEbiz“.

– Кинескиот извоз на дизел би можел да биде меѓу 400 и 600 илјади барели дневно во текот на првата половина од оваа година – проценуваат експертите.

Според податоците на аналитичарите на Вортекс, ЕУ минатата година увезла околу 220 милиони барели дизел гориво од Русија. Во исто време, според Јуџин Линдел, експерт од консултантската компанија FGI (Facts Global Energy), да се најде замена за таков обем на испорака ќе биде тешко, но сепак е можно.

Земјите од ЕУ увезуваат значителни количини нафтени деривати од Русија, особено дизел гориво. Според западните медиуми, во декември е увезена рекордна количина на дизел од 2016 година, при што повеќе од половина од горивото доаѓа од Русија.

Ембаргото на ЕУ за увоз на нафтени деривати од Русија по морски пат стапува на сила на 5 февруари.

Слични содржини