Кина: Брисеви позитивни на корона содржеле и генетски материјал од диви животни

од Stefanija Kuzmanovska

Истражувачки тим во Кина објави анализа на примероците земени од пазарот во Вухан пред повеќе од три години кои се поврзани со појавата на коронавирусот, во која наведува дека брисевите кои биле позитивни на вирусот, исто така содржеле генетски материјал од диви животни.

Пазарот за морска храна и диви животни Хуанан беше во центарот на истрагата за потеклото на коронавирусот, објави денеска Би-Би-Си.

Како што е наведено, тоа е прва рецензирана студија за биолошки докази собрани од пазарот уште во 2020 година, а објавена е во списанието Nature.

Слични содржини