Кина е најголемиот трговски партнер на ЕУ во првите три квартали

од Vladimir Zorba

Во првите три квартали од оваа година, Кина беше најголемиот трговски партнер на Европската унија, надминувајќи ги Соединетите држави, што е последица на епидемијата на коронавирусот и наглиот скок на кинеската економска активност.

Во првите девет месеци од оваа година, трговската размена меѓу ЕУ и Кина изнесува 425,5 милијарди евра, што е за десет милијарди повеќе од размената со Соединетите држави, според новите податоци на Евростат.

Во истиот период минатата година, трговијата на ЕУ со Кина била 413,4 милијарди, а со САД 461 милијарда, пренесува Хина.

Таквиот резултат е последица на растот на увозот од Кина за четири и пол проценти, додека извозот во Кина остана непроменет, според Евростат, додавајќи дека во истиот период трговијата со САД опаднала за 11,4 проценти, додека извозот бил 10 проценти помали

Вкупниот дефицит на Европската унија во трговијата со Кина се зголеми на 135,9 милијарди евра во првите девет месеци од оваа година, што е за 12 милијарди повеќе отколку во истиот период во 2019 година.

Европската унија е главен трговски партнер на Кина од 2004 година и ова е првпат ситуацијата да се промени, откако Кина ги истурка САД од првото место, објави денеска Францускиот завод за статистика (INSEE).

И покрај епидемијата и многу силната економска криза во првиот квартал, кинеската економија повторно расте, а потрошувачката во октомври беше дури и поголема отколку во истиот месец минатата година, според INSEE.

Извозот од Кина во Европа се зголеми особено во текот на летото и раната есен, пред се поради големата побарувачка за медицинска опрема.

Според Светската здравствена организација, скоро 44 проценти од медицинската заштитна опрема што се тргува во светот во првите шест месеци е произведена во Кина.

loading...

Слични содржини