Кина ги отвора границите за странски туристи за првпат од избувнувањето на пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska

Кина објави дека ќе ги отвори своите граници за странски туристи за првпат по три години од избувнувањето на пандемијата на ковид-19 и од среда ќе го обнови издавањето на сите видови визи, објави „Ројтерс“.

Последната мерка за прекугранична контрола поради ковид-19 беше укината откако властите прогласија победа над пандемијата во февруари.

Во областите на кои не им беа потребни визи пред пандемијата, ќе се врати безвизниот режим, соопшти кинеското министерство за надворешни работи.

Тие го вклучуваат јужниот туристички остров Хаинан, долгогодишна омилена дестинација за Русите, како и минување на бродови за крстарење низ пристаништето Шангај.

Безвизното влегување ќе важи и за странците од Хонг Конг и Макао до најпросперитетната кинеска провинција Гуангдонг, што е благодет особено за луксузните хотели популарни кај меѓународните деловни патници.

Министерството најави и дека странците со важечки визи издадени пред 28 март 2020 година ќе можат да влезат во Кина.

Слични содржини