Кина го задржува правото да употреби сила против Тајван како последна можност во нерешливи околности, но првенствено се залага за мирно повторно обединување, изјави денеска во Пекинг портпаролот на кинеската комунистичка партија, Сун Јели.
„Повторното обединувањето на Кина и Тајван е во интерес на двете страни“, изјави Сун на прес-конференција, пренесува „Ројтерс“.
Кинескиот претседател Си Џинпинг најверојатно ќе го добие третиот петгодишен мандат како генерален секретар на владејачката партија на 20-от Конгрес на Комунистичката партија што почнува утре во Големата народна сала во Пекинг.