Кина и Иран со порака до САД: Пуштете го вашиот народ да дише

од Nikola Popovski

Кина ја осуди „хроничната болест“ наречена расизам во САД по смртта на Афроамериканецот Флојд што предизвика големи демонстрации низ земјата.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан изјавил денеска дека протестите во неколку американски градови уште еднаш ја покажуваат расна дискриминација во Соединетите американски држави, пренесува АП.

Тој исто така го спореди насилството во САД со насилството што го потресе полу-автономниот регион на Хонг Конг во Кина минатата година, како одговор на ширењето на влијанието на Пекинг.

„Зошто САД ги третираат заговорниците за насилство и таканаречената независност на Хонг Конг како херои, а ги осудуваат оние кои учествуваат во немирите поради расизмот?“, прашува тој. Лиџијан изјавил дека Кина се надева дека САД ќе ги зачуваат и гарантираат правата на етничките малцинства.

Иран исто така денес ги повика американската влада и полицијата да престанат со насилството врз сопствениот народ како одговор на протестите ширум САД.

Според АП, во Иран, кој неодамна ги задуши демонстрациите низ целата земја со убиството на стотици луѓе, апсењето на илјадници и прекинувањето на пристапот до Интернет, државната телевизија постојано емитувала слики од немирите во САД за време на протестите.

„На американските официјални претставници и на полицијата ѝпорачуваме да престанат со насилството врз сопствениот народ и да ги остават да дишат“, соопштил портпаролот на Министерството за надворешни работи, Абас Мусави.

Тој, исто така, испратил порака до американскиот народ дека „светот стои позади нив“ и додал дека Иран жали за насилството што неодамна го иницираа американската полиција.

Слични содржини