Кина испрати 30 авиони и пет воени бродови кон Тајван

од Stefanija Kuzmanovska

Кинеската Народноослободителна армија денеска испрати кон Тајван 30 воени авиони и пет воени бродови, соопшти министерството за одбрана на Тајван.

До 17 часот по локално време, тајванските вооружени сили регистрираа пет бродови и 30 авиони на Народноослободителната армија на Кина, од кои 15 ја преминаа централната линија на Тајванскиот теснец, соопшти Министерството на Твитер, пренесе РИА Новости.

Портпаролот на кинеското министерство за одбрана, Ву Чиан, рече дека кинеската војска повторно спроведува воени вежби и патроли низ Тајван, како одговор на посетата на делегација на американски конгресмени на островот.

Слични содржини