Кина истражува и развива 14 вакцини против Ковид-19

од Stefanija Kuzmanovska

Кина во моментов истражува и развива 14 вакцини против Ковид-19, а пет од нив влегоа во третата фаза на клиничкото испитување.

Од вакцините што влегоа во третата фаза од клиничкото испитување, две се на „Синофарма“, најголемата државна фармацевтска компанија, потоа вакцината на компанијата „Синовац“ и по една на компанијата „КанСиноБИО“ и Chongqing Zhifei Biological Products.

Кина официјално ја одобри вакцината на „Синофарм“ на 31 декември минатата година, додека другата вакцина на компанијата и вакцината на „Синовац“ беа одобрени за итна употреба.

„Во октомври минатата година, четири месеци по воспоставувањето на програмата COVAX на Светската здравствена организација, Кина се приклучи на програмата, најавувајќи дека кинеските вакцини ќе станат јавно добро на светот“, рече Ју Си, дописник на агенцијата МИНА од Кина.

До 15 јануари, дваесетина земји потпишаа договор за набавка на кинески вакцини.

Кинеската влада прогласи дека ефикасноста на вакцината на „Синофарм“ е околу 79 проценти.

loading...

Слични содржини