Кина изрази незадоволство поради нацртот на американскиот Закон за политика за Тајван

од Stefanija Kuzmanovska

Кинеското министерство за надворешни работи официјално го изрази своето незадоволство од политиката на Вашингтон, откако Комитетот на американскиот Сенат го поддржа нацрт-законот со кој се дозволува зајакнување на американската воена поддршка за Тајван, пренесува „Ројтерс“.

„Доколку продолжи имплементацијата на овој закон, тоа ќе се одрази на односите меѓу САД и Кина“, објави на прес-конференција портпаролот на министерството за надворешни работи на Кина, Мао Нинг, пренесува британската агенција.

Мао Нинг рече дека кинеската страна постојано го изразува своето цврсто противење на американскиот „Закон за политика на Тајван од 2022 година“ и дека принципот „една Кина“ е политичката основа на односите Пекинг-Вашингтон.

Слични содржини