Кина: На другите земји ќе им биде овозможен пристап до примероците од Месечината

од Stefanija Kuzmanovska

Кинеската национална вселенска агенција (CNSA) објави дека ќе им овозможи на другите земји пристап до примероците од Месечината собрани од кинеската сонда.

Од CNSA соопштија дека соработката ќе се заснова на принципите на правда и взаемна корист и дека „примероците од Месечината се богатство на човештвото“.

Откако кинеската сонда се врати на планетата Земја рано утрово, донесеувајќи ги првите примероци од Месечината во Кина, а најновите во светот за повеќе од 40 години, многу странски вселенски агенции испратија честитки до Кина и изразија желба за заедничко истражување, рече портпаролот на CNSA.

Според него, агенциите во Кина ќе издадат упатства за тоа како ќе се изучуваат и споделуваат примероците.

CNSA има потпишано повеќе од 140 договори за соработка со повеќе од 40 земји и учествува во 18 меѓународни организации, пишува „Чајна дејли“.

Заменик-директорот на CNSA рече дека примероците од Месечината ќе се користат на три начини, имено за истражување, музејски изложби и ќе бидат споделени со меѓународни колеги или дадени на шефови на држави, но истражувањето ќе биде примарен и најважен начин на употреба.

Кинеска вселенска сонда слета во автономниот регион на Кина во Внатрешна Монголија во 1:59 часот по полноќ по времето на Пекинг рано утрото во четвртокот, а мисијата Чанг-5 е прогласена за успешна, со што Кина стана трета земја што собира примероци Месдчината по Соединетите држави и Советскиот сојуз.

Слични содржини