Кина нема да стане побогата од САД барем во следните 50 години

Соединетите Американски држави ќе останат побогати од Кина барем во следните 50 години – долго по предвиденото поместување кон врвот на најголемите светски економии, изјави Сајмон Баптист, главен економист во Economist Intelligence Unit, цитиран од CNBC.

„Кина е многу малку веројатно да ги достигне нивоата на САД во однос на БДП по глава на жител – мерка за богатството – во следните 50 години. Ако воопшто успее, тогаш“, рече тој.

Најновите податоци од Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека кинескиот БДП по глава на жител ќе достигне 10.582,10 УСД во 2020 година – скоро 6 пати помалку отколку во САД. Во најголемата светска економија, индикаторот покажува 63.051,40 американски долари.

Коментарот на Баптист доаѓа по вчерашната прес-конференција на претседателот Џо Бајден. Тој рече дека нема да дозволи Кина да стане „водечка земја“.

„Гледам жестока конкуренција од Кина. Кина има крајна цел – и јас не ги критикувам за тоа. Но, тие имаат крајна цел да станат водечка земја, најбогата земја во светот и најмоќна земја во светот. Тоа нема да се случи за време на мојот мандат “, рече Бајден.

Паритет

Баптист посочува дека Кина ќе стане „другата голема сила“ заедно со Соединетите држави на светската сцена. Кој од двајцата ќе биде помоќен ќе зависи од каде ќе ја црпат оваа моќ, додаде тој.

„Ќе биде многу тешко за Соединетите држави да останат најголема сила во Азија во 30-тите години на овој век, но силите ќе бидат изедначени за подолг временски период“, рече Баптист.

Но, Кина ќе стане најголема економија

Кинеската економија ќе ја надмине економијата на Соединетите држави некаде околу крајот на оваа деценија или почетокот на следната, според предвидувањата. Пандемијата го скрати времето потребно за околу две години, рече Баптист.

Азиската земја успеа брзо да ја стави под контрола пандемијата и да се опорави од економската криза. И стана единствената голема економија што забележа раст во 2020 година. Американската економија се намали за 3,5%.

Американската економија „на крајот ќе стане помала од кинеската, бидејќи популацијата на Кина е многу поголема“, рече тој.

Слични содржини