Кина објави нови слики од Марс

од Vladimir Zorba

Кинеската национална вселенска агенција (ЦНСА) објави ново видео од роверот Журонг кој се движи по површината на Марс.

Кинеските медиуми покажаа детали од слетувањето на Журонг на Марс во мај, кога роверот го отвори падобранот при спуштањето, а исто така беше прикажан и моментот на допирање на тлото.

Кинески робот со шест тркала истражува еден регион на Марс познат како Утопија Планитија, конкретно барајќи знаци на вода или мраз што би можеле да дадат трага за тоа дали некогаш постоел живот на Марс.

CNSA изјави дека Жrуронг возел 236 метри за време на 42 сола.

Сол е ден на Марс, што е нешто подолг отколку на Земјата и е 24 часа, 39 минути и 35 секунди.

„Леталото и роверот се во добра оперативна состојба, тие испраќаат податоци од Марс“, изјави ЦНСА.

Кина е втора земја што слета и управува со вселенско летало на Марс, по САД. Поранешниот Советски сојуз слета на Црвената планета во 1971 година, но ја изгуби комуникацијата неколку секунди подоцна.

Слични содржини