Кина продолжи да ги ублажува ковид мерките

од Stefanija Kuzmanovska

Кина продолжи да ги ублажува мерките против коронавирусот во многу региони и градови дури и пред очекуваната промена на политиката за „нулта ковид толеранција“ откако избија протести во неколку кинески градови поради строгите ковид рестрикции.

Нерамномерното олеснување на ковид ограничувањата ги поттикна стравувањата кај некои жители од заразување со вирусот, кој властите постојано го опишуваа како смртоносен до оваа недела, пренесува „Ројтерс“.

Некои градови сега бараат поретко тестирање и дозволуваат блиските контакти на заразените лица да се стават во карантин дома, објавија државните медиуми.

Нерамномерното олеснување на мерките создаде некои нови проблеми.

Аптеките во Пекинг објавија зголемено купување на маски N95 оваа недела, кои нудат многу повисок степен на заштита од оние за еднократна употреба.

Најзагрозени се чувствуваат постарите лица, од кои многумина се сè уште невакцинирани.

Слични содржини