Кина размислува да испрати летала до работ на Сончевиот систем

од Vladimir Zorba

Кинеските научници ја проценуваат можноста за проект за испраќање вселенски летала до работ на Сончевиот систем, изјави главниот дизајнер на кинеската програма за истражување на месечината, Ву Веире.

Според проектот, кинеското вселенско летало ќе помине растојание околу 100 пати поголемо од тоа помеѓу Сонцето и Земјата до 2049 година, кога Кина ќе ја прослави 100-годишнината од своето основање, изјави Ву за магазинот „SpaceNews“.

Растојанието помеѓу Сонцето и Земјата се нарекува астрономска единица и е околу 150 милиони километри.

Според Кинеската медиумска група (ЦМГ), целта на проектот е да се извршат научни истражувања и експерименти на работ на Сончевиот систем, кој е оддалечен околу 15 милијарди километри од Земјата.

„Ако проектот може да се спроведе, тоа ќе биде придонес на Кина за светот и човештвото. Кинеската вселенска индустрија има сила да ја постигне оваа цел“, рече Ву.

Слични содржини