Кина: Санкции за 11 американски политичари и раководители на организации

од Vladimir Zorba

Кина денес воведе неодредени санкции против 11 американски политичари и раководители на организации, поради, како што изјавија, мешање во прашањето за Хонг Конг.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Жао Лијан денес го наведе нивното „лошо однесување“ за прашањата во врска со Хонг Конг како причина.

Пекинг го воведе Законот за национална безбедност во Хонг Конг кон крајот на јуни како одговор на повеќемесечните демонстрации во 2019 година, најголем откако територијата беше вратена во Кина во 1997 година.

Бројот на Американци што министерството го стави на списокот е еднаков на бројот на официјални лица од Хонг Конг и Кина за кои САД воведоа санкции минатата недела.

Беа санкционирани сенаторите Марк Рубио, Тед Круз, Џош Хавлеј и Том Котон, конгресменот Крис Смит и раководителите на организации, вклучително и Националниот фонд за демократија и Фридом Хаус.

Пекинг воведе забрана за патување на Рубио, Круз и Смит минатиот месец, по што Вашингтон одговори со слични мерки, повикувајќи се на постапувањето на кинеските власти со Ујгурите, муслиманско малцинство во Кина.

Слични содржини