Кина се подготвува за можни санкции по „руско сценарио“

од Vladimir Zorba

Кина, загрижена за размерите на западните санкции против Русија, почна да се подготвува за можноста за повторување на истото сценарио, но во врска со неа, пишува „The Guardian“.

Пекинг побара од владините агенции да одржат т.н стрес тестови, кои треба да ги покажат последиците по економијата на земјата од ваквата варијанта на состојбите.

Според изворот, стрес-тестовите започнале кон крајот на февруари и голем број клучни владини агенции добиле задача да развијат одговор на потенцијалните ограничувања од страна на Западот.

Пекинг не соопшти зошто е донесена одлука за започнување на подготовките за одговор на можните санкции, изјави изворот на весникот. Но, тој рече дека тоа е „природна реакција“ на кинеските власти, со оглед на (блиските) односи на Кина со Русија.

Патем, според поранешниот советник на американскиот Стејт департмент Едвард Фишман, ниту една економија, вклучително и кинеската, не би можела да избегне да добие штета од толку строги санкции како оние што се воведени кон Русија.

„Нема добра алтернатива за западниот финансиски систем и ситуацијата нема да се промени во блиска иднина“, рече Фишман. Во исто време, рече тој, можните ограничувања на Кина ќе влијаат на одредени стратешки индустрии без да се насочат големи економски штети.

Пред неколку дена РИА Новости, повикувајќи се на сопствен извор, напиша дека САД воведуваат санкции кон Русија со цел да го „тестираат“ можниот иден начин за ограничување на Кина. Според изворот, станува збор за „механизмот на глобално спротивставување“.

Слични содржини