Кина: Се зголемува бројот на мртви од новиот коронавирус, се гради огромен стационар за болни

од Nikola Popovski

Бројот на заразени од новиот тип на коронавриус во централна Кина се зголеми на 830, а досега умреа 25 лица, објавија утринава државните кинески медиуми.

Истовремено, кинеската провинција Хубеи, во која вирусот се појави, побара поголема финансиска помош од државните власти. Засега во 10 градови на провинцијата Хубеи е суспендиран јавниот транспорт.

Градот Вухан забрзано гради нов стационар со илјада кревети за заболените, мобилизирајќи механизација од страна на приватниците.

Новиот вирус и припаѓа на групата вируси кои предизвикаа САРС, болест од која пред 17 години умреа 800 лица ширум светот, а исто така почна да се шири од Кина.

 

Слични содржини