Кина сепак дозволи: СЗО пристигнува во Вухан

од Nikola Popovski

Тим меѓународни експерти од Светската здравствена организација, чија задача е да го испита потеклото на пандемијата коронавирус, ќе пристигне во Кина на 14 јануари, објавија кинеските национални здравствени власти.

Тимот првично имаше намера да влезе во Кина на почетокот на јануари, но земјата го блокираше нивното пристигнување, велејќи дека визите сè уште не биле одобрени, иако некои членови на групата биле на пат, пишува Гардијан.

Кинеското Министерство за надворешни работи одложувањето го нарече „недоразбирање“.

Во тоа време, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, ја изрази својата загриженост и рече дека ја повикал Кина да дозволи влез на тимот.

– Јас сум многу разочаран од оваа вест, имајќи предвид дека двајца членови веќе ги започнаа своите патувања, а другите не можеа да заминат во последен момент – рекол тој.

Слични содржини