Кина тестира рибари на ковид, но и риби: „Ја научивме лекцијата“

од Stefanija Kuzmanovska

Откако беа откриени околу 40 случаи на коронавирус во крајбрежниот кинески град Ксијамен, на повеќе од пет милиони луѓе им беше наредено да се подложат на тестирање на ковид оваа недела, а ќе бидат тестирани и некои облици на морскиот свет.

Во последниве недели, Комитетот за контрола на поморската пандемија на округот Ксијамен издаде известување дека „кога рибарите ќе се вратат во своите пристаништа мора да бидат тестирани, како и нивната морска храна“, пренесува Би-Би-Си.

Се вели дека видеа се појавија на повеќе платформи на социјалните мрежи, на кои се гледа како медицинските работници вршат PCR тестови на живи риби и ракови.

Таа додава дека не е прв пат жива риба да биде тестирана на ковид.

Вработен во Општинското биро за развој на океаните во Ксијамен рече дека „научени се лекции од Хаинан, кој беше сведок на тешка епидемија“.

Би-Би-Си известува дека јужната кинеска провинција Хаинан, крајбрежен регион како Ксијамен, забележала повеќе од 10.000 случаи на ковид-19 од почетокот на август, при што властите велат дека веруваат дека појавата е веројатно поврзана со рибарската заедница.

Кинеските медиуми долго време изразија загриженост дека морскиот живот би можел да биде поврзан со коронавирусот, особено откако првата епидемија беше поврзана со пазарот на живи животни и морска храна во централниот кинески град Вухан.

Иако морската храна веројатно нема да го носи вирусот, многу кинески епидемии се поврзани со пристанишните работници кои ракуваат со стоки со ладен ланец или работници на пазарот на морска храна.

Слични содржини